Нестабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок

Североисточните, југозападните и западните делови од државава попладнево беа зафатени од нестабилно време со дожд и ветер. Нестабилноста беше поизразена во Охридско-Преспанскиот регион, северно од Кичево, југоисточно од Гостивар.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека дувал умерен повремено засилен северен ветер кој наместа достигнал брзина од 40 километри на час. Според УХМР, во моментот сите облачни јадра се стратифицираат.
Нестабилното време се очекува да продолжи и во вечерните часови кога во делови од државата ќе има појава на пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи, а можна е и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Под влијание на циклонска активност од Турција нестабилното време ќе продолжи и утре. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Нестабилното време ќе се задржи до петок кога се очекува период на претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури.
МИА
Ново на Сител
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
