Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
-Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 километри на час). Утре и за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h). В понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи - најави УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
