Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба

Непознати лица украле дел од новиот тревник поставен на плоштад во атинска населба, а градоначалникот Јанис Константатос преку видео објавено на социјалните мрежи коментира дека мислел дека досега видел сè и не очекувал некој да го украде тревникот, јави дописничката на МИА од Атина.
Градоначалникот на општината Елинико-Аргируполи каде што се случила кражбата во видеото вели дека во неговиот мандат се има соочено со катастрофи, вандализми, штети, кражби.
– Но, дека ќе ни го украдат новиот тревник поставен на плоштадот, ова искрено го немам видено. Се прашувам, пријателе, што ќе правиш со него? Ќе ги пасеш овците и козите? Ова не може повторно да се засади. Што ќе му правиш? Колку време посвети за да го извадиш дел по дел и каде ќе го користиш? Навистина се срамам за оној што го стори тоа. Мислев дека сум видел сè, но не е така. Еве може да го украдат и тревникот, вели градоначалникот во видеото и на шега порачува дека полицијата ќе треба да ги чува и тревниците во Грција.
Заменик-градоначалникот Василис Критикос за телевизијата ЕРТ објасни дека по околу еден месец работа, екипите во понеделникот го завршиле уредувањето на плоштадот, а следниот ден било откриено дека недостасува голем дел што се проценува дека е околу 70 метри квадратни, а штетата можеби е над 1.000-2.000 евра.
Ново на Сител
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
