Необјавени песни на Џими Хендрикс одат на наддавање

Необјавени песни на познатиот американски гитарист Џими Хендрикс се дел од каталогот сувенири коишто му припаѓале на покојниот музичар, а би требало да бидат понудени на аукција во ноември. Организатор на наддавањето е продавницата за забавни сувенири „Пропстор“ (Propstore).
– Кога првпат имавме можност да ја истражиме оваа архива, веднаш бевме воодушевени од длабочината и значењето на материјалот, изјави Марк Хонам, консултант за музика и постери во „Пропстор“. – Ова е неверојатна колекција којашто не само што го отсликува личниот живот на Џими Хендрикс, туку Ве враќа во клучните мигови во музичката историја, додаде тој.
Колекцијата била извадена од архивата на Патриша „Трикси“ Саливан, која соработувала и била блиска со менаџерот на Хендрикс, Мајк Џефри, се наведува.
Сега првпат, обожавателите на Хендрикс имаат можност да наддаваат за различни лични предмети коишто откриваат повеќе за музичките потфати и животот на Хендрикс вон сцената… Меѓу предметите има и 50 ретки ленти, вклучително и необјавени снимки, како и лични записи и документи, на пр. рачно напишано барање за извод од Матичната книга на родени, планови за турнеја, па дури и потврди за хемиско чистење на облеката и друго.
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
