Нема напредок во третманот на отпадот во Охрид
Нема подобрување во справувањето со отпадот .Дополнително пандемијата со ковид и сега економската криза овој проблем го оставија во позадина кој ќе допринесе до влошување на состојбата ,одлагање на отпадот во нелегални депонии кои потоа се палат ,ја загадуваат животната средина и негативно влијаат врз здравјето на луѓето.
Екологистите го поздравуваат воведувањето на новото кривично дело екоцид со кое се предвидува и доживотен затвор за загадување на животната средина. Според предлогот, казна од 10 години или доживотен затвор ќе има за лице кое спротивно на прописите ќе предизвика еколошка катастрафа.
Она што е карактеристично е што одговорност не е предвидена само за оние кои ја загдуваат животната средина туку и за одговорните лица кои имаат обврска да воспостават мерки за заштита на животната средина.
Инаку Од јануари до јуни годинава, Инспекторатот докажал само 167 загадувања на воздух, почва, вода, храна, а поведена е само една кривична постапка за опожарувањето на трска во Струга, против непознат сторител.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
