Нема јасен епилог на политичката криза - иницијативата за доверба на Владата поднесена, но дали има мнозинство?
Власта и опозицијата во трка кој прв ќе стигне до посакуваното мнозинство од 61 пратеник пред седницата во четврток на која треба да се гласа за доверба на владата на Зоран Заев. Иако прашањето е веќе поставено од страна на опозицијата со потписи на 61 пратеник неизвесно дали толку и ќе гласаат за недоверба.
Попладнево во законодавниот дом на средби со приатеници беа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, но и премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев кој официјално дојде во парламентот на покана на Џафери за седницата во четврток. Ниту еден од нив не даде изјава за исходот од ваквите средби.
Неизвесноста ја зголемува и одлуката на Управниот суд да нема прегласување за градоначланик на Желино како што претходно одлучи ДИК, што пак, беше причина владејачката БЕСА со тројцата свои пратеници да даде поддршка на инцијативата на Мицскоки. Од партијата на Касами вечерва молк дали судската одлука во нивна корист ќе значи и повлекување на потписите.
Откако Скендер Реџепи кажа дека иако се потпишал на инцијативата сепак нема да гласа поради тоа што и Левица е на нејзе, вечерва состанок и на Алтернатива на Гаши.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека мнозинството од инцијативата не за загрозено.
Во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има двајца птоврдени пратеници со корона вирус, а неофицијално и еден од Алијанса на Албанците, но велат ова нема да е проблем во четврток власта веќе воспостави пракса на гласање со сканфандери.
Заев пак, во текот на денот на Фејсбук објави дека останува на ставот дека мнозинството е стабилно.
„Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници., напиша тој.
СДСМ утре состанок на Централниот одбор ќе ги носи одлуките околу оставаката на Заев и новата ситуација во Собранието.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
