Македонија
22. October 2023 - 16:38

Нелегалната сеча станува сериозен криминал – охридските шуми на удар

Нелегалната сеча и трговијата со огревно дрво зема се поголем замав. Дрвокрадците кои ги пустошат шумите во охридско, како што велат добрите познавачи, за еден кубик дрва на црно заработуваат по 50 евра, но загрижува тоа што крадењето дрва станува организирана појава, а шумските предели се опустошуваат.

Во текот на оваа година имало околу 10 пријави против дврокрадци, од национални шуми апелираат да се чува шумата која претствува национално богатство.

Стручните лица од оваа област велат дека овој криминал е во подем и смeтаат дека потребна е поголема координација помеѓу сите надлежни институции и поригорозни казни за дрвокрадците.