Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса

Русија започна бран воздушни напади преку ноќ врз украинскиот главен град Киев, при што загинаа најмалку две лица, вклучувајќи едно дете, соопштија денеска локалните власти.
Воениот администратор на Киев, Тимур Ткаченко, изјави на Телеграм дека се повредени и 18 лица. Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека меѓу жртвите има 12-годишно дете и 35-годишна жена.
Новинарите од „Киев Индепендент“ објавија повеќекратни експлозии додека ракетите го погодија градот во неколку бранови.
Штети на станбени и комерцијални згради беа пријавени во неколку области, рече Ткаченко, а службите за итни случаи спасија дете од урнатините на оштетен станбен блок. Детето и мајката се на лекување.
Целосниот обем на штетата и жртвите остана нејасен додека нападите продолжија во раните утрински часови.
Издадени се предупредувања за воздушен напад и во други региони. Во Днепар, најмалку две лица беа убиени, а 27 повредени во ракетен напад, изјави гувернерот Олександр Ханжа на Телеграм. Петмина од повредените се во критична состојба, а неколку станбени згради се запалија.
Експлозии беа пријавени и во текот на ноќта во пристанишниот град Одеса, изјави гувернерот Олех Кипер на Телеграм. Руски напад со дрон вчера вечерта погоди станбена зграда, при што загина најмалку едно лице, а шест беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
