Македонија
15. February 2023 - 12:26

Неисчистени оџаци најчеста причина за пожар

Во зимскиот период 90 проценти од интервенциите на терен се однесуваат на гаснење пожари предизвикани од неисчистени оџаци. Од противпожарната апелираат до граѓаните да бидат внимателни и одговорни, навремено да ги чистат оџаците.

Возниот парк функционира со возила стари три децении и се состои од седум противпожарни возила, од кои шест се уште од времето на Југославија. Најстарото возило за делување на терен е од 1980 година.

Противпожарната единица во Охрид се соочува со дефиците на вработени иако ги има 38 на број сепак не е доволно за да се покрие целиот регион.

Од пожарната велат дека иако сите возила се технички исправни и успеваат навремено да одговорат на задачите, сепак е доста тешко да се одржува старата опрема.