Македонија
10. April 2024 - 16:33

Неделен пресек на претседателската кампања: Што видовме досега и што не очекува?

Претседателска кампања, 7. ден. Една недела кружат кампањи и видеа од  политичките опоненти на социјалните мрежи и на телевизиите. Кандидатите ветуваат промени, критикуваат состојби и презентираат програми, за да добијат глас повеќе во првиот круг на претедателски избори.

Некои граѓани не се расположени да ги слушнат рекламните спотови.

Други сакаат да слушаат позитивни кампањи од претседателските кандидати.

Политичките аналитичари оценуваат дека досегашната реторика на кандидатите не е толку остра, во споредба со онаа која ќе ја слушаме по 24. април. Додека пак, партиите коишто стојат зад овие кандидати, не се штедат да си ја расчистат својата територија, пласирајќи црни кампањи.

Сепак, по 24-ти месецов, политичката сцена ќе се вжешти. Аналитичарите проценуваат дека лидерите на партиите, ќе бидат погласни, од претседателските кандидати.

Од незвисноста до денеска се одржале десет парламентари избори. На 8 мај, ќе се одржат единаесетите. На 24 април, граѓаните по седмипат ќе избираат шеф на државата.