Македонија
18. April 2023 - 12:09

Не запира палењето на трска на охридското крајбрежје

Во период кога Охрид и Струга се наоѓаат под засилен мониторинг на УНЕСКО поради недоволна грижа и прекумерна урбанизација на крајбрежјето повторно опожарена голема површина на трска.

Изминатите недели беа евидентирани два пожари на локалитетот „Калишко поле“ на самиот брег на езерото. Ваквата слика се повторува секоја година пред стартот на туристичката сезона за изградба на плажи и објекти.

Екологистите предупредуваат дека со тоа се загрозува богатата флора и фауна со која располага крајбрежната зона на Охридското Езеро, но и мрестилиштата на рибите. 

Заштитата на трската е и една од препораките на Унеско . Граѓанските активисти бараат надлежните сериозно да ја сфатат работата, да се активираат и да преземат сериозни мерки против оние што ја уништуваат трската, а со тоа и на целиот биодиверзитет што живее во неа.