НБА: Судиите не направија грешки во завршницата на натпреварот Мајами – Лејкерс
Надлежните за судењето во НБА-лигата издадоа соопштение во врска со делењето на правдата на натпреварот Мајами хит – Лос Анџелес лејкерс одигран ноќта понеделник кон вторник.
Лејкерси упатија забелешка до НБА во врска со, како што веруваат, повеќекратните недосудени фаули за време на нивниот пораз од Мајами со 107:108.
Во својот традиционален извештај за работата на судиите, НБА официјално соопшти дека судиите не погрешиле во последните две минути од натпреварот.
По ова, на социјалните мрежи реагираше предводникот на Лејкерси, Леброн Џејмс.
-Натпреварите не се изгубени или победени само во последните две минути. Оние кои ја разбираат играта знаат дека настаните во првата, втората и третата четвртина, како и првите 10 минути од четвртата, имаат значително влијание врз исходот, напиша Џејмс.
Токму Леброн е еден од оние кошаркари кои се посечени како повеќе пати фаулирани, при што судиите останаа „неми“
Ново на Сител
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
