НАСА и „Спејс-Икс“ ја лансираа мисијата „ПАЦЕ“
Американската приватна вселенска агенција „Спејс-Икс“ лансираше сателит за истражување на животната средина за НАСА. Вселенското летало вредно речиси милијарда долари коешто преживеа повеќе можности за откажување, сега е подготвено да трага по нови сознанија за климатските промени.
Според НАСА и нејзиниот проект - „Планктони, аеросол, облаци, океански екосистем - ПАЦЕ“, податоците ќе помогнат подобро да се разбере, на пр. - како океанот и атмосферата разменуваат јаглерод-диоксид, а ќе се открие и како аеросолите може да го поттикнат растењето на фитопланктонот на површинсата на океанот. Одложена за два дена поради силните ветрови на местото на лансирање, мисијата почна денеска, со помош на ракета „Спејс-Икс фалкон 9“. Таа заедно со сателитот полета од космодромот кај Кејп Канаверал, Флорида, САД.
- Океаните покриваат 70 отсто од површината на планетата, но сепак тие се еден од најмалку истражените делови од Земјата. ПАЦЕ длабоко ќе ги унапреди нашите сознанија за тоа како функционираат океаните и каков е животот во океаните, изјави Карен С. Жермен, директорка на Одделот за науки за Земјата на НАСА.
Приредувајќи спектакуларно шоу, „Фалкон 9“ се оддалечи на јужна траекторија над Атлантскиот Океан недалеку од источниот брег на Флорида.
Ново на Сител
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
