Најновиот чип за вештачка интелигенција на Нвидиа ќе чини од 30.000 до 40.000 долари

Американскиот производител на компјутерски чипови Нвидиа денеска соопшти дека следната генерација графички процесор со вештачка интелигенција (ВИ), наречен Blackwell, ќе чини помеѓу 30.000 и 40.000 долари по единица.
Извршниот директор Џенсен Хуанг процени дека Нвидиа потрошила околу 10 милијарди долари на трошоци за истражување и развој за споменатите чипови, јави Си-Ен-Би-Си. За чипот најверојатно ќе има голема побарувачка за софтвери за вештачка интелигенција како што е ChatGPT.
Новиот графички процесор ќе има цена во сличен опсег на неговиот претходник, H100, кој чини помеѓу 25.000 и 40.000 долари по чип.
Генерацијата „Hopper“ беше претставена во 2022 година и беше значително поскапа од претходната генерација на чипови со вештачка интелигенција на Нвидиа.
Американскиот производител на чипови најавува нова генерација чипови со вештачка интелигенција приближно на секои две години, а најновите, како оние на Блеквел, се побрзи и енергетски поефикасни, се комбинација од два чипови и се физички поголеми од претходната генерација.
Ново на Сител
-

МВР трага по оние кои ширеле паника дека скопската вода е загадена со ешерихија коли
-

Исчезната малолетна девојка од Охрид, семејството бара помош
-

Пасоши првпат во летниот период се издаваат без застој, термин за се добива за ден-два, а документи за најмногу до седум
-

Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил
-

Свечена седница по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-

Медиуми во САД го тужат Трамп
-

ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
-

Иран контра Трамп: Ормуската Теснина останува блокирана!
