Најмногу дожд на Попова Шапка, температура до 21 степен

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, каде се измерени 13 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Маврови Анови со девет, Тетово со пет, како и Пожаране и Скопје – Зајчев Рид со по четири литри на метар квадратен. Помали количини врнежи се регистрирани во Крушево со два литра, додека по еден литар се измерени во Крива Паланка, Тополчани, Прилеп и Велес.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Локално се очекува нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
-

УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година
-

Родители од Делчево дозволиле нивните малолетни ќерки да живеат во вонбрачни заедници, едната од нив била силувана
-

Затвореник измамен за 890.000 денари, му било ветено дека ке му се намали казната
-

При обид да одглави заглавена сајла на кран 48-годишен работник загина во Тетово
-

Кривична за полициски службеник: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот
-

Пронајдена неексплодирана топовска граната од Првата светска војна со калибар од 75 мм
-

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет
