Најавена реконструкција на пристаништата во Охрид
Ќе се реконструираат пристаништата во Охрид и Свети Наум. Продлабочувањето како што најавија од Министерството за транспорт и врски ќе се врши во согласност со препораките на УНЕСКО за тоа какви материјали би се користеле, се со цел побезбеден сообраќај и поголема заштита од силниот ветер и брановите на пловилата кои до година во година се се побројни во водите на Охридското Езеро.
Првиот човек на капетанија на пристаништата Устијаноски посочи дека со развојот на туризмот оваа гранка станува се поактуелна и бара надградување во однос на инфраструктурата, пловноста и законската регулатива.
Со оглед на тоа дека градското пристаниште датира од далечната 1938 година, години наназад сопствениците на пловните објекти бараат негова целосна реконструкција и зголемување на капацитетот.
Инаку, како што најавија од Министерството за транспорт и врски во постапка се и измените на Законот за пловидба, со кој полагањето за сертификат за професионално пловење кое досега се вршеше во Белград и Загреб ќе биде во Охрид.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
