Нагелсман: Целокупната ситуација во Ливерпул не му ја олеснува работата на Вирц

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, е загрижен дека променливите игри на Ливерпул во сезоната 2025/26 би можеле негативно да влијаат на формата на играчот од средниот ред Флоријан Вирц.
– Да бидам искрен, целокупната ситуација не му ја олеснува работата. Целиот тим не е толку конзистентен оваа година како што беше минатата година. Сега е многу потешко да се интегрира во тимот. Ако го погледнете натпреварот со Сити, Ливерпул всушност беше послаб во текот на сите 90 минути. Значи, на Фло му е тешко да направи големо влијание. На крајот на краиштата, целокупната ситуација е дека му треба само малку повеќе време, и тоа е нормално.
Го гледаме тоа со другите играчи доаѓаат во Премиер лигата. Сите знаеме за што е способен, а за играч на негови години, сосема е нормално да доживее пад во формата. Не можеме да очекуваме од него постојано да игра на исто ниво три години по ред. Сите треба да му дадеме поддршка, рече Нагелсман на прес-конференција. Во сезоната 2025/26, Вирц има три асистенции во 16 натпревари во сите натпреварувања.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Здравство преку СМС ќе ги информира граѓаните од засегнатите општини како да се заштитат од западнонилска треска
-

Анализите од ЦЈЗ Тетово покажале исправна вода, Клековски: Да се објават и останатите резултати
-

Пожарот во Мариово ќе гори со денови, ако ја премине Црна или патот ќе прерасне во најголем пожар во регионот
-

Охриѓанецот Дарко со владин авион транспортиран во Берлин
-

Средба Муцунски – Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ приоритет за Чешка
-

Во завршна фаза реконструкцијата на шест училишта во кои ќе се воведе едносменска настава од септември
-

За школски прибор се потребни до 10.000 денари, утре ќе се знае дали ќе има „училишна кошничка“
