Над 600 семејства од охридско побарале помош од Црвениот крст оти не можат да излезат на крај со скапотијата
Повисоките цени на речиси сите прехрамбени производи ја продлабочија сиромаштијата. Во Охрид состојбата е критична секојдневно расте бројот на оние кои бараат помош неможејќи да сврзат крај со крај буквално борејќи се за парче леб. Преку 600 семејства од социјално ранливата категорија побарале помош од Црвениот крст и тоа најчесто за храна,дрва како да ја помнат зимата, исклучена струја и други неплатени сметки.
Од Црвениот крст апелираат на поголема хуманост од страна на граѓаните се со цел да им се помогне на оние на кои им е најпотребно.
Во земјава трошоците за живот растат а граѓаните кои иако работат со платите кои ги земаат едвај преживуваат . Тимови на Црвениот крст работат постојано и под притисок да им излезат во пресрет на загрозените семејства кои за жал ги има се повеќе.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
