Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики

Во петгодишните систематски истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки, Битолско, досега се пронајдени над 400 монети, информираат археолозите од Завод и музеј – Битола, пишува сдк.мк.
Меѓу наодите има примероци од времето на Филип II Македонски, со претстава на богот Зевс, како и монети од Александар Велики, Октавијан Август и од повеќе антички градови како Пела, Тесалоника, Амфиполис и Дирахион. Дел од нив потекнуваат и од римскиот републикански период, што, според истражувачите, претставува едно од најзначајните депоа на сребрени монети од тој период во Македонија.
Археолозите нагласуваат дека на локалитетот се откриени и траги од поширок временски опсег, вклучително и бронзеното време, додека сè уште не е потврдено за кој антички град точно се работи, иако постојат различни научни хипотези.
Истражувањата ги спроведува македонско-американски тим, а досегашните наоди покажуваат дека станува збор за економски развиено населено место со работилници, продавници и богат археолошки материјал, кој дополнително се анализира.
Ново на Сител
-

Спасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
