На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани

На граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар, во првите четири месеци од годинава минале вкупно 496.705 патници, што е за 49 отсто поголема бројка, споредено со истиот период минатата година.
- Протокот на патници на овој премин е во постојан раст. Во периодот јануари – април минале 496.705 патници, наспроти 333.640 истиот период минатата година, што е зголемување за околу 49 отсто. Највисока фреквенција е забележана во месец април 135.508 патници наспроти 106.712 во април минатата година. На преминот работат три шалтери и се функционира во најдобар ред, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.
Според официјалната статистика, во јануари минале 120.797 патници наспроти 79.701 истиот месец лани, во февруари 114.629 наспроти 70.101 и во март 125.771 наспроти 77.126 патници истиот месец минатата година.
На зголемената фреквенција, освен подобрената патна инфраструктура од двете страни на границата, за патување и посети на граѓаните од двете земји, влијание има и фактот што албанските граѓани од пограничниот регион, Округ Пешкопеја, масовно доаѓаат во Дебар за набавка на гориво и прехранбени продукти.
МИА
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
