На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица

Британски готвач, чиј ресторан има ѕвезда на „Мишелин“, ги повика крадците кои му го украле комбето со 2.500 пити – „да ја направат вистинската работа“, да не ги фрлаат, туку да ги остават некаде за гладни и изнемоштени луѓе, кои имаат потреба од нив.
Томи Бенкс, сопственик на два ресторана и паб во Северен Јоркшир, вчера на Инстаграм објави дека му е украдено комбе, со намирници во вредност од 25.000 фунти (повеќе од 30.000 евра). Тој ги повика крадците да ги остават питите во општински центар или пред народната кујна.
-Знам дека сте криминалци, но можеби би можеле да направите нешто убаво, затоа што следи Божиќ и ајде заедно да нахраниме неколку илјади сиромашни… Постапете правилно, не дозволувајте храната да оди в ѓубре. Тоа би било навистина срамота, вели готвачот, меѓу другото.
Во видеото, Бенкс побара од читателите – секој кој ќе се обиде да продаде негова пита, да го пријават в полиција. Полицијата во Северен Јоркшир соопшти дека биле информирани за кражбата и побарале од сите што имаат какви било информации да контактираат со нив.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
