На ФФОСЗ промовирана нова современа дијагностичка опрема за тестирање на спортисти
На Факултет за физичко образование, спорт и здравје – Скопје вчера беше промовирана нова современа и високо софистицирана дијагностичка опрема за тестирање на физичките перформанси. Опремата е наменета за потребите на Институтот за научно-истражувачка работа во спортот и ќе се користи за лабораториски и теренски анализи на спортисти и студенти.
Инвестицијата е реализирана со поддршка од Сојуз на спортските федерации на Македонија и со сопствени средства на факултетот. Со новата технологија ќе се овозможи попрецизно следење и анализа на антропометриските карактеристики, телесната композиција и моторичките способности, како и подобрување на научната и стручната работа во областа на спортот.
На промоцијата присуствуваа деканот на факултетот Влатко Неделковски, раководителот на институтот Александар Ацески и претседателот на Сојуз на спортските федерации на Македонија, Мартин Клинчаров. Тие истакнаа дека инвестициите во современа технологија и научни капацитети се клучни за развојот на спортската наука и подобрување на резултатите на македонските спортисти.










Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
