На 106. собраниска седница донесени неколку закони во второ читање

На 106. собраниска седница, на која не беше прифатен предлогот на пратениците од Левица за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, попладнево беа донесени три закони во второ читање.
Беа изгласани Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи и Законот за изменување и дополнување на Законот за возила.
Во рамки на 106 седница беше изгласана и одлука за објавување јавен оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.
Сто и шестата седница е прекината и за продолжението ќе биде дополнително соопштено. На дневен ред на оваа седница остануваат седум предлог-закони по скратена постапка: за изменување и дополнување на законите за основното образование; за средното образование; за работно ангажирање лица, за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, за безбедност на сообраќајот на патиштата, за придонеси од задолжително социјално осигурување и Предлог-закон за финансиски лизинг.
МИА
Ново на Сител
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
