Македонија
23. јуни 2026 - 16:39

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски почина на 58 годишна возраст. Причините за смртта засега не се познати.

Тој беше беше градоначалник во два мандати и позната политичка фигура во оваа општина. Илиевски беше оженет и татко на две полнолетни деца.

Активно беше вклучен во областа на спортот, подржувач на голем број спортски настани и даваше големи придонеси во спортот.

Премиерот Христијан Мицкоски со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од починатиот градоначалник на Општина Брвеница.