-->
-->
МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-->

Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист Гејт“.
-Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар - се наведува во информацијата на МВР.
Претходно денеска трговскиот центар „Ист гејт“ беше за кратко евакуиран. Како што објавија дел од медуумите евакуацијата, се случила по активирање на противпожарен аларм кај еден од закупците. Посетителите биле замолени мирно да го напуштат објектот, согласно безбедносните протоколи.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
