Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија.
Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“.
-Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги вреднуваме силните билатерални односи градени со години, и со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности, напиша Муцунски на „Икс“.
Во Унгарија вчера се одржаа парламентарни избори на кои изгуби владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан по 16 години на власт, а на кои победи новформираната опозициска партија Тиса на Петер Маѓар.
Со обработени 97 проценти од гласовите, Тиса освои 138 места во унгарскиот Парламент, додека Фидес има само 55 (шест места ќе освои десничарската партија Ми Хазанк). Тиса ќе има неколку пратенички места повеќе од потребното за двотретинско мнозинство, со кое ќе може да смени голем број функционери во судството и регулаторните тела.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
