Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот

Во согласност со податоците што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ги добил од клучни безбедносни институции - Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, нема конкретна информација за закана кон нашата држава од Техеран откако Иран претходно ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија.
- Тоа се прашања што постојано се разгледуваат во контекст на НАТО, ние, ќе повторам - сме НАТО-земја членка, така што нашата безбедност е опфатена во рамките на таа колективна безбедносна организација. Секако, постојано на дневно ниво се анализираат ризиците што доаѓаат. Во согласност со последните информации што со мене се споделени како министер за надворешни работи од страна на двете клучни безбедносни институции, а тоа се Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, некоја конкретна информација за закана кон нашата држава од таква природа нема - рече Муцунски во одговор на новинарско прашање дали Македонија има некакви закани поради нејзиното членство во НАТО и поддршката на американските операции во Заливот.
Но, како што рече министерот Муцунски, затоа се тука безбедносните институции, кои, како што нагласи, одлично соработуваат и споделуваат информации со сите наши партнерски служби во случај и да има некоја закана, да се најде соодветен начин и таа да се превенира.
МИА
Ново на Сител
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса
-

СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај
-

Мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики
-

СП 2026: Скалони – Моите фудбалери се уникатни, а нашите навивачи фантастични
-

Драма во полуфиналето на СП 2026: Аргентина со пресврт за седум минути против Англија избори финале
-

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада
-

На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
