Му се скршил ножот, па убиството на својата мајка го довршил со ножици – доживотен затвор за Петар Станковски
Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, а трагичниот настан се случил на 11 јануари годинава во стан во Богданци каде што мајката и синот живееле како потстанари.
Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала, информираа тогаш од ОЈО.
Станковски беше обвинет за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“, а пресудата е донесена откако тој ја признал вината пред судот.
Од Основниот суд Гевгелија информираа првостепената пресуда е донесена откако обвинетиот ја признал вината пред судот, а тој останува во притвор до правосилноста на пресудата.
Ново на Сител
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
