Македонија
9. јуни 2024 - 16:37

МПЦ изврши канонизација на Светите Спасе и Спаса Вишенски

Канонизирани новите македонски светители  Спасе и Спаса Вишенски  .

И во периоди кога сме биле подвластени и црковно и национално и тогаш да се биде христијанин се губело и глава , и во времиња во кои да се  служи на црковно  словенски јазик и да се  проповеда на мајчиниот јазик  било забранувано и казнувано и тогаш нашиот народ се држел до својата вера истакна архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан на литургијата во црквата Света Софија во сослужение со сите претставници на Архиерејскиот синод на МПЦ-ОА, и претставници од помесните православни цркви.

Сотировски од комисијата за односи со верски заедници посочи дека станува збор за настан кој за зацврстува верата кој низ вековите сведочи за еден свет живот на двајца наши светители.

Огромен број верници од сите краеви се помолија и поклонија пред иконата на светителите .

Канонизирањето значи не одлука со која црквата произведува светители туку молитвено возгласување дека нивниот живот бил свет . Настанот претставува крунисување или завршување на еден процес што е започнат пред речиси еден век.