-->
-->
Може ли Ѓоковиќ да освои 30 грен слем титули
-->

Со триумфот на Роланг Гарос Новак Ѓоковиќ за помалку од еден месец се врати на врвот на АТП листата и за победата во Париз заработи 2.5 милиони долари.
Камбекот на врвот за српскиот тенисер е значаен поради победата против директниот конкурент, шпанецот Алкараз во полуфиналната пресметка.
Овој меч и самиот триумф на Ѓоковиќ на францускиот Грен слем не само што му ја донесе рекордната 23-та Грен слем титула во кариерата туку можеби и ќе отвори ново поглавје во иднината на машкиот тенис каде неколку помлади тенисери како Медведев,Зверев, Циципас и Алкараз се обидуваат да ја затвората долгогодишната ера на Федерер, Надал и Ѓоковиќ кој со години се неприкосновени на тениските терени.
Најдобриот светски тенисер со прикажаната игра во Париз потврди дека и покрај годините има уште за освојување. За експертите реално е Ѓоковиќ да се доближи до 30 – грен слем титули што ќе биде извонредно достигнување ако се знае дека голем број од тие титули ги има освоено во директните пресметки со Федерер и Надал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
