Македонија
12. March 2023 - 19:54

Мозаиците - Најзначајни артефакти оставени сами на себе

Потребна е поголема заштита на автентичните стари македонски мозаици, кои се  вистински репрезент на реткото и вредно културно наследство на овие простори. Добрите познавачи сметаат дека проблемот се состои во недоволната свесност за нивното значење и одржување. Тој огромен потенцијал и материјал мора квалитетно и соодветно да се чува и да му се пристапи со многу поголема грижа и професионалност.

Мозаичарот Упевче смета дека потребно е вложување во стручен кадар и да се обезбеди трајност на конзервацијата и реставрацијата.

Градот е богат трезор за развој на мозаичната уметност но за жал голем дел од локалитетите се нецелосно истражени и конзервирани.