Митревски пред дуелот со Словачка: Нè очекува тежок натпревар против незгоден противник

Македонската машка ракометна репрезентација тренираше вчеравечер во „Арената Татран“ во Прешов каде денес(19 часот) против домаќинот Словачка ќе го игра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година.
Голманот Никола Митревски очекува тежок натпревар против незгоден противник.
„Словачка е голема непознаница за нас. Никогаш не сме играле против нив и овој натпревар секако ќе биде тежок и незгоден затоа што играме на гостински терен. Сепак, мислам дека добро се подготвивме и очекувам добар натпревар од наша страна“, изјави Митревски.
Реваншот е закажан за 17. мај во Скопје, а избраниците на селекторот Кирил Лазаров во двата дуели против Словачка ќе се обидат по десетти пат да изборат пласман на светско првенство, а осмо едноподруго.
„Големите натпреварувања кои ги имаме зад нас ни го даваат тоа право да очекуваме добар и позитивен резултат. Но, без разлика на резултатот утре, нема ништо да биде одлучено. Ова е само едно полувреме од овој двомеч. Ние ќе го дадеме нашиот максимум да одиграме онака како што знаеме и да извлечеме позитивен резултат“, додаде Митревски.
МИА
Ново на Сител
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
