-->
-->
Мисајловски на саемот IDEB во Братислава, ќе се сретне со министрите за одбрана на Словачка и Чешка
-->

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка.
Во рамки на посетата, предвидено е министерот Мисајловски да оствари одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на Република Чешка, Јарослав Зуна.
Годинашниот меѓународен саем IDEB, е најавен како најголем досега, со учество на над 150 излагачи од 16 земји, на кој ќе бидат изложени современи воени системи и опрема.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
