Мисајловски: Илинден е темелот на современата македонска држава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најголемиот празник и еден од најзначајните симболи на македонската државност.
Во честитката, Мисајловски нагласува дека Илинден ги претставува идеалите на слободата, самобитноста, патриотизмот и љубовта кон татковината, оценувајќи дека токму врз илинденското дело е изградена современата македонска држава.
-Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава- наведува министерот.
Тој посочува дека слободата и мирот што денес ги уживаат граѓаните се резултат на жртвата на претходните генерации, поради што Илинден претставува обврска за зачувување на вредностите на единството, солидарноста, слободата и меѓусебното почитување.
Мисајловски повика на заедничка посветеност во градењето на Македонија како држава на мирот, демократијата, просперитетот и надежта за идните генерации.
-Нека илинденскиот пламен секогаш ни го осветлува патот кон единство, напредок и мир. Нека ни е честит 2 Август – Илинден! Нека ни е вечна Македонија!“, порачува министерот за одбрана во честитката.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
