Мирна новогодишна ноќ со неколку повредени од тепачки и сообраќајки
Три сообраќајки, повредени по физички пресметки и еден 20-годишник примен со убод од нож– лекарите од Ургентен центар со полни раце работа за време на новогодишната ноќ.
Дежурните лекари интервенирале вкупно во 103 случаеви, но бројката на прегледи велат е во просекот кој го имале и во изминатите години.
Сепак, полицијата немала поголеми интервенции. Министерот за внатрешни Спасовски кој на првиот ден од новата година ги посети специјалците во полицискиот центар Ѓорче Петров, вели дека Новогодишната ноќ низ целата држава поминала мирно. Регистрирани биле нарушувања на јавниот ред, како и кривични дела за недозволена трговија. А најмногу пријави имало во СВР Тетово и СВР Скопје.
Но, Центарот за управување во кризи, бележи зголемен број повици на бројот 112 во последното деноноќие – вкупно 2.145 повици, пет пожари на отворено, а во првите петнаесетина минути од првиот ден годинава пожарникарите имале гаснење пожар со спасување неподвижно лице во гевгелиско Миравци. Од сите повици, најмногу биле упатени кон полицијата, потоа кон итната помош и пожарникарите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
