-->
-->
Министерот Клековски ќе информира за состојбата со западнонилска треска во државата
-->

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска на прес-конференција ќе информира за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, заклучно со 18 август, кај нас се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска - 36 потврдени и два веројатни. Евидентирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Кај три починати лица биле регистрирани коморбидитети.
Според место на живеење на заболените, 37 случаи се од главниот град на државата, а еден е од Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
