Министерот Борко Ристовски ги пречека македонските боксери по успешниот настап на ЕП (У23) во Ереван

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со младите боксери Ален и Адриан Рустемовски и Јоаким Јовановски, тренерот Јове Петровски и со претседателот на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски, по успешниот настап на македонските претставници и двата освоени медали на Европското првенство во бокс (У23) што се одржа во Ереван, Ерменија.
Ален Рустемовски го освои сребрениот медал во категоријата до 57 килограми, покажувајќи извонредна техника, борбеност и спортски дух. Во финалето, тој го загуби мечот од рускиот боксер Лурли Аветијан.
Неговиот брат, Адриан Рустемовски, се закити со бронзен медал во категоријата до 60 килограми, откако во полуфиналето беше поразен од Хамзат Матиев, исто така од Русија.
Министерот Ристовски им го честита големиот успех и изрази гордост што овие млади спортисти достоинствено ја претставуваа Македонија на едно од најзначајните континентални натпреварувања.
- Нашите млади боксери покажаа дека македонските спортски таленти можат рамноправно да се борат со најдобрите во Европа. Тие се голема надеж и иднина на македонскиот бокс. Министерството за спорт ќе продолжи да ги поддржува младите спортисти кои достоинствено ја преставуваат Македонија на спортските борилишта, изјави министерот Ристовски.
Министерството за спорт им упатува искрени честитки на сите членови на репрезентацијата за постигнатиот успех и за афирмацијата на македонскиот спорт на европската сцена.
МИА
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
