Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?

Македонија мора да најде решение за европскиот пат, но не решение кое ќе отвори нови прашања за македонскиот идентитет, историја и јазик, порача министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев.
Минчев посочи дека прашањето не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, туку што ќе се случи потоа. „Хипотетички, утре да ги внесеме Бугарите во Уставот. И што следно? Ако следното барање биде Гоце Делчев? Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец?“ праша Минчев.
Тој нагласи дека Македонија не може да прифаќа процес без гаранции дека после едно исполнето барање нема да следуваат нови. „Ние имаме ситуација каде што од бугарска страна постојат ставови дека Македонците постојат по 1945 година или дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Тоа не се само историски прашања, туку прашања што го допираат темелот на македонскиот идентитет“ рече Минчев.
Минчев го постави и прашањето како може Македонија да прифаќа определени толкувања на историјата, а да се игнорираат настаните и жртвите. „Пред неколку дена бев во Ваташа, каде што оддадовме почит на 12-те младинци, жртви на едено тешко историско злосторство. Тоа било масакр, трагедија која народот не ја заборава. И замислете перверзија. Венко Филипче и СДСМ полагаат цвеќе таму, а во исто време велат дека ако Бугарите се внесат во Уставот, треба да се признае дека биле „бугарски администратори“, а не окупатори.“ истакна Минчев.
Според него, Македонија не може да дозволи европскиот процес да значи прифаќање на тези со кои се оспорува македонската посебност. „Не може да се бара од нас да прифатиме дека нешто што е дел од нашата историја и идентитет е предмет на преговарање. Ние мораме да најдеме начин да излеземе од оваа состојба, но тоа не значи да излеземе по секоја цена. Македонија мора да оди кон Европската Унија, но како рамноправна држава, со свој јазик, историја и идентитет“ порача Минчев.
Движењето ЗНАМ продолжува да се залага за политика која ја става Македонија над партиските интереси, за европска иднина, силни институции и држава која знае да преговара, но и да ги брани своите темели.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
