Минче од Пласница повреден од мечка тешка 500 килограми
76 годишниот Минче Рамчевски е вистински херој и од вчера го живее својот втор живот. Овој старец од Пласница берејќи дренки го нападнала мечка тешка над 500 килограми.Трите рани на телото сведочат за борбата на Минче со животното. Го спасила ловџиската група Око Соколово кои биле во близина и го слушнале крикот за помош. Истрелале неколку куршуми во воздух и мечката побегнала, но останале траумите кај Минче кој за Сител сведочи како изгледала блиската средба со како што го нарече зверот од половина тон.
-Собрав некоја дренка и имаше патче до мене, седнав запалив една цигара за да одморам малку. И цигарата уште не ми беше допиена и одеднаш ми излезе мечак и одма на мене..Јас со рацете мавтам ама нема што да правам, таа е звер, може имаше над 500 кг. Помош викам викам, и со забите ме фати овде, на слабината...вели Минче Рамчевски од Плашница.
Откако ловџиите ја избркале мечката, Минче кој имал со себе телефон го побарал соседот кој веднаш дошол и го однел во болницата во Кичево.
-оттука ме испратија на хирург, еве овде ме шиеше лекарот, три зафати имам..фала богу скршеници немам, ама има големи болки, страв, вели Минче.
Во своите 76 години, од кои повеќе од 50 е во Пласница, Минче досега првпат сретнал мечка.
Ако досега без проблеми шетал низ шумата, сега вели е во голем шок.
-Ова е прв пат во животот што се соочувам со вакво нешто. Големи трауми, голем страв, неможам да јадам, да спијам, децата плачат, вели Минче.
Случајот е пријавен и во полиција и во Центарот за управување со кризи. Каде е мечката што го повреди Минче не знае никој. Изминатиот период за нападите од овие животни кои беа зачестени во мавровскиот регион заседаваше речиси цел државен врв... Сериозни проблеми имаше Жировница кои дури бараа прогласување на вонредна состојба.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
