Милошоски: Османи се однесува понижувачки
Понижувачка и надвор од уставните надлежности е изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека има прифатлив докуменет за македонската страна од разговорите со Софија, но кој не може да биде откриен пред пратениците бидејќи немало одговор за него од Бугарија. Ова е оценката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ден по изјавата на Османи за напредок во преговорите.
Според Милошоски вчера Османи ги потврдил сомневањата дека постоел предлог уште од февруари, но и дека сега министерот манипулира бидејќи бугарското МНР веќе соопшти дека македонскиот документ веднаш бил одбиен.
„Позициите во однос на разговорите со соседна Бугарија се јасни, утврдени со Резолуција во македонското Собрание, поддржана од сите партии. Додека трае процесот несоодветно е да коментираме на дневно ниво, во услови кога има државни институции кои се вклучени и најповикани за било какви прашања“, одговараат од СДСМ за тоа што пратениците не се запознаени за нацрт-докумнеот за кој говореше Османи.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
