Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе одигра пријателски натпревар со Саудиска Арабија на неутрален терен во Прага, а селекторот Благоја Милевски очекува максимална мотивираност на своите избраници.
Контролниот дуел со азиската селекција е можност за Милевски да испроба одредени тактички варијации и да им даде шанса на повеќе репрезентативци, а тој во последната изјава ја најави и својата перспектива за дуелот кој ќе игра на стадионот на Викторија Жижков.
-Очекувам секој поединец да го покаже својот максимум и да се наметне во зголемувањето на конкуренцијата во тимот. Сакам да видам дека Македонија може, дури и преку оние кои имаат помала минутажа, играчи кои бараат нови средини или подоцна го решија својот клупски статус.
-Се надевам дека тоа нема да се одрази на нивната физичка подготвеност. Најважно ми е сите да бидат здрави. Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што не очекува во недела, тоа е дуелот со Лихтенштајн”.
Натпреварот Македонија-Саудиска Арабија утре ќе се одигра од 17 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
