Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа

Оваа година е натпросечна година кога станува збор за инфекција од Западнонилска треска насекаде во Европа- нагласи премиерот Христијан Мицкоски појаснувајќи дека годинава овој здравствен предизвик е особено изразен на европско ниво и не е специфичен само за земјава.
Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија, по повод случаите на Западнонилска треска, Мицкоски рече дека според информациите со кои располага, општините ги спровеле предвидените активности за заштита од комарци согласно редовните протоколи.
- Ги проверивме информациите и врз основа на она со што располагам, сите општини во рамките на редовниот протокол ги имаат завршено своите активности. Не би можел да кажам дека некој не го направил тоа или дека ја занемарил обврската -истакна Мицкоски.
Според него, не само ние туку и сите медитерански земји се соочуваат со Западнонилска треска.
- Факт е дека оваа година е натпросечна кога станува збор за ваков тип предизвик со кој се соочуваме и ние, но и, условно кажано, сите медитерански земји. Тука се и Италија и Шпанија, каде што, за жал, починатите од Западнонилска треска се бројат со стотици -додаде премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
