Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода

Одлуката на Врховниот суд за укинување на пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци е разочарување и е последица на „рецидиви и остатоци“ од претходната власт кои сè уште делуваат во правосудниот систем, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања, по посетата на реновираната зграда на Клиника за неврофизиологија.
Коментирајќи ја одлуката на Врховниот суд за Ласкарци, Мицкоски истакна дека станува збор за „рецидиви, остатоци, мал дел од претходната влада на СДСМ и ДУИ и тоа е последниот ресурс за заштита на таа влада и на луѓето коишто беа дел од таа влада".
-Гледате како грчевито се борат, ги амнестираат. Таков беше случајот со модуларната болница, така и сега со Ласкарци. Имаме десетици жртви, имаме многу луѓе коишто имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата. Сепак тие остануваат да бидат верни слуги на тие коишто во минатото ги поставиле. И тоа е уште едно разочарување, не само за мене, туку генерално и за граѓаните - изјави Мицкоски.
Според него, овие малкумина судии ги контаминираат сите оние чесни судии и обвинители коишто се во нашиот правосуден систем, но, како што нагласи, „добро е колегите од Европската Унија, да ги гледаат овие примери и да видат, кога зборуваме за правосудството, со кого ние имаме работа и со кого ние во суштина имаме предизвик да се бориме".
-Понекогаш имам и чувство дека со ветерници се бориме, како да е сето ова Дон Кихотовска битка. Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода луѓе за коишто постои основано сомнение, односно правосилна судска пресуда, и како последица на нивното работење имаме повеќе десетици мртви, како ништо да не било. Тоа за нив ништо не значи бидејќи од тој којшто ги назначил, нивниот стопан, нивниот газда, добиле таква наредба. Тоа е едно големо разочарување - изјави Мицкоски.
Но, нагласи премиерот, нема да се откажеме и ќе продолжиме да се бориме.
-Правдата мора на крај да победи и ќе победи - порача Мицкоски.
Врховниот суд, вчера информира дека ја укинува пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци со која беа зголемени казните на дел од обвинетите и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.
МИА
Ново на Сител
-

Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства
-

Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
-

Сопружници во бракоразводна постапка се тепале меѓусебно, па се пријавиле во полиција
-

Расправија прераснала во тепачка: Две скопјанки се пресметале во Аеродром
-

Го довел во заблуда и склучил договор за товарно возило од 11.000 евра, кривична за 31-годишник
-

Срамно ВИДЕО: Со комбе донесе вреќи и кутии со ѓубре и ги фрли директно во Радика
-

Мицкоски: За две години остварени околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции, разликата со претходната влада е огромна
-

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на УНОДЦ: Борбата против дрогата да се води со координиран пристап
