Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не сака да ја коментира кривичната пријава од опозициската СДСМ и оти остава надлежните органи да одлучат по неа, нагласувајќи дека тој е фокусиран кон развојот на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните. Политичките партии, додаде тој, коишто живеат во сопствениот свет на лаги се повеќе се маргинализираат и ги разочаруваат граѓаните.
-Јас не би можел да коментирам повеќе. Оставам на органите да одлучат, нели кривичната пријава претпоставувам е поднесена до Обвинителството. Прашањето ќе треба да го упатите до Обвинителството. Јас не би сакал со моја изјава по ниту една основа да влијаам врз одлуката на Обвинителството, а визави пријавата којашто ја поднесе СДСМ, а што се однесува до некои си компании кои ќе треба да го следат раководството на СДСМ, мислам дека таков тип на однесување и потреба од наша страна не постои, ниту пак тоа е дел од мојот карактер, ниту пак имам некаква намера да се занимавам со такви естрадни политики. Јас сум фокусиран кон развојот на државата и подобри услови за живот на граѓаните, имајќи ги предвид тешките времиња во коишто живеат, а политичките партии коишто живеат во сопствениот свет на лагите ги оставам да останат таму и за жал од ден на ден повеќе се маргинализираат и ги разочаруваат граѓаните, одговори Мицкоски на новинарско прашање во врска со кривичната пријава на СДСМ, но и во однос на обвинувањата за ангажирање приватна разузнавачка израелска фирма да го следи лидерот на оваа партија Венко Филипче.
На прашање во врска со неговата изјава дека има чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството и.т.н. ќе бидат опфатени со одредени прогони и пријавата, која еден ден подоцна е поднесена против пратеникот Блерим Беџети, кој тоа го оцени како притисок, Мицкоски нагласи дека не би ги коментирал наводите од него, оти има места каде што тој може да ја докаже својата невиност и додаде дека секој во државата го ужива правото на презумпција на невиност.
-Јас сакам се помалку луѓе да бидат осудени, се повеќе луѓе да работат според законите, да ги почитуваат законите, Уставот на оваа наша заедничка држава. За мене успех ќе биде да имаме што помалку кривични пријави против поранешни, сегашни функционери итн. Така што јас не би можел и не би сакал да ги коментирам наводите на господарот Беџети и верувам во право на презумпција на невиност до моментот додека не се докаже спротивното, а тоа се докажува низ една судска постапка до правосилност на судска одлука. Што се однесува за чувствата, мислам дека премногу чувствителни станавме периодов, сега да се фокусираме на вистинските нешта, а вистинската нешта се бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и напорна работа за подобра иднина на македонските граѓани - нагласи Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
