Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој

Иако овие две години се вратени 4,6 милијарди евра стари долгови, државата, сепак, проектира економски развој, буџетот се полни со предвидената динамика, а долгот е намален како процент од БДП. Воедно, се справивме и со најголемата енергетска криза во поновата историја - вели премиерот Христијан Мицкоски.
Во интервју за „Каде се парите“, Мицкоски нагласи дека Владата успешно се справи со најголемата енергетска криза во поновата историја на човештвото.
- На дневна основа комуницирам со институциите што се задолжени да го полнат буџетот, вклучително и со министерката за финансии, имам јасен преглед што се случува, како се случува и во каква состојба сме и каква состојба требаше да исправаме, а која ја наследивме пред 2 години кога бевме избрани како влада. Апсолутно сите да бидат спокојни, буџетот се полни со динамиката што е предвидена - додава премиерот Мицкоски.
Тој појасни дека моментната ситуација со буџетот е многу подобра отколку во претходните години и покрај тоа што се враќа солидарниот данок на минатата влада поради одлуката на Уставниот суд.
- Заклучно со 15 јуни, реализацијата на буџетот е приближно 43 % бидејќи на 15-ти се исплаќаат сите оние персонални даноци, сите пријави што се однесуваат на платите и така натаму, на 25-ти се исплаќа ДДВ. Второ, не го гледате нетираниот солидарен данок од речиси една и пол-две милијарди, кој ние го нетиравме со компаниите, односно по одлуката на Уставниот суд, ние го вративме. Кога ќе го додадете нетираниот солидарен данок, ќе дојдеме со бројка над 44 %. Во следното полугодие од годината, тоа се седмиот и десеттиот месец, ние ќе го наплатиме тримесечниот данок на додадена вредност, а во првото полугодие од годината само во април го наплаќаме. И, конечно, доаѓаме до декември, најчесто се исплаќаат сите даноци, бонуси, дивиденди и така натаму и тогаш по правило собирањето даноци на крајот на годината е практично најголем. Така што мене апсолутно оваа состојба не ме загрижува, туку напротив е многу подобра отколку што беше годините наназад, изјави Мицкоски.
Премиерот посочи дека хистерија креваат личности блиски до СДСМ и политичари кои ја доведоа државата во тешка состојба, кои сега гледаат како оваа влада успеа да се справи со кризата и да обезбеди стабилно снабдување со нафтени деривати не само за македонските граѓани, туку и за граѓаните на соседните држави.
-Хистеријата која ја рефлектираат во јавноста одредени аналитичари блиски до СДСМ и некои политичари кои ја доведоа Македонија во оваа состојба, кои порано имаа допирна точка со економијата и финансиите, мене не ме загрижуваат, туку ме охрабруваат затоа што таа хистерија е соодветна на луѓе кои го изгубиле тлото под нозете, се во паника и гледаат дека и покрај сите кризи ние успеавме како држава без да очајуваме, без да држиме панични прес-конференции, како што тоа беше случај во соседството, да се справиме на еден мирен начин, да обезбедиме стабилно снабдување на граѓаните и бизнисот со нафта и нафтени деривати, да успееме да обезбедиме стабилно снабдување и за граѓаните на соседните држави. И конечно да дојдам до мојата поента, имајќи го предвид сето она кое го преземавме на почеток намалено ДДВ, потоа намалена акциза и да ги имаме овие наплати, тоа е голем успех, потенцираше премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
