Мицкоски: Влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите со желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во нивните домови.
Во честитката премиерот посочува дека влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава. Како што нагласува во честитката, влашката култура, традиција и обичај се силен белег во развојот на државата.
- Единството, толеранцијата, разбирањето се вредности со кои мора сите заеднички да се стремиме и да ги негуваме, затоа што само така ќе изградиме општество кое ќе се базира на меѓусебна почит и доверба. Заеднички да работиме за просперитет и раст на Македонија, за сегашните и идните генерации да имаат услови да ја градат сопствената иднина тука, во својата татковина. Нека Ви е честит Националниот ден на Власите - порачува Мицкоски во честитката.
МИА
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
