Мицкоски: Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем

Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем - вели премиерот Христијан Мицкоски посочувајчи на изградбата на интерконекторите. Очекува веќе следната недела да почне и изградбата на северниот интерконектор.
-Владата го зајакнува високонапонскиот преносен систем, тука мислам на системот на МЕПСО. Знаете дека се рестартира повторно изградбата на интерконекторот со Албанија. Продолжуваат и внатрешните рингови да се реновираат, реконструираат и да се зголемува капацитетот. Истовремено, во енергетиката продолжуваме со инвестиција во гасните интерконектори со Грција и очекувам веќе следната недела, откако се прибавени сите мислења, да почне изградбата на северниот интерконектор - изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по настанот за почнување на Пазарот за електична енергија во тековниот ден.
Потенцира дека го пуштиле нафтоводот со соседна Грција, со што, како што рече, практично рафинеријата „Окта“ е директно поврзана со солунското пристаниште.
-Се работи на уште многу, многу други проекти, кои значат подобар систем. Еден од тие е и овој денеска, кој претставува историски чекор напред - рече премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
-

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
