Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам

Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички. Ова го подвлече денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања.
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, тој истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија.
- Јас сум убеден дека овој проект Чебрен и Галиште има стратешко значење, не само заради производство на електрична енергија, туку и за други намени. Да споменам дека во април месец оваа година, за прв пат после не знам колку време, производството на електрична енергија покрива 88,8% од вкупниот конзум кај нас, значи ние се приближуваме веќе до целосно да можеме да го покриваме она кое што го трошиме од аспект на електрична енергија, а рековме цел на оваа влада е во мандатот да имаме година кога ќе бидеме нето извозник, на крај на годината кога ќе се сумираат билансите, тоа што сме го произвеле и тоа што сме го консумирале и тоа што сме го извезле да биде споредливо, односно да извезуваме електрична енергија, тоа беше целта како влада и ценам дека тоа го правиме - посочи Мицкоски на прашање од пратеничката Благица Ласовска.
Премиерот воедно додаде дека состојбата во ЕЛЕМ е консолидирана од 7-8% акумулации и минус 150 милиони евра сега ќе оди во плус десетина и околу 80% состојба на акумулации и тоа во ек на сезона на наводнување, што значи се работи посветено, а на тоа се додава, вели, и фактот дека следната година ќе заврши гасниот интерконектор со Грција, објавен е тендерот за интерконекторот со Србија, пуштен е продуктоводот од Солунското пристаниште со ОКТА, а ги заживуваат Штип-Велес гасоводот, гасоводот до Кичево, отсечката за влез до Косово, и се рестартира далноводот со Албанија, за да буквално, подвлекува, бидеме раскрсница на Балканот.
- Кога ќе се анализира целокупната слика дојдовме до една фаза кога можеме да бидеме горди на тоа што го правиме. Она кое што за нас преставува вистински предизвик и се спремаме, тоа е проектот Чебрен и Галиште и тука имаме два концепти кои се спротивставени од правна гледна точка инаку во суштина не се, тоа е првиот да ние направиме синдикат на заемодаватели, меѓународни финансиски институции кои ќе обезбедат пари со доволен грејс период додека трае градбата, и потоа во одреден период да почнеме со поврат, односно АД ЕСМ. И вториот концепт е да одиме со јавно приватно партнерство. Лично и како човек од фелата и универзитетски професор, а сега и претседател на македонската Влада, ценам дека за првиот концепт треба да ги исцрпиме сите можности за да го реализираме, имајќи ги предвид климатските промени ценам дека не само на нас како држава и на регионот ни се потребни два вакви сериозни проекти кои ќе обезбедат дополнителни количини на вода - истакна премиерот.
Не само за производство на електрична енергија, како што рече, туку и за наводнување на Тиквешко Поле.
- Ценам дека еден ваков проект повеќенаменски може да придонесе многу, трето да го заживее тој крај, Мариово, може да се развива како туристички центар. Така што овој проект Чебрен и Галиште треба да се гледа како стратешки проект, а не како проект за енергетика и производство на електрична енергија.Тоа е така се сложувам ќе биде драјвер на економијата, ќе придонесе во БДП, една милијарда и 300 милиони до 500 милиони отприлика очекуваме да чини, ќе го подобри капацитетот на електроенергетскиот систем - потенцираше Мицкоски.
Во однос на чекорите за реализација, премиерот на крај појасни дека се развива концептот, да се ажурираат физибилити студиите во една.
- Веќе сме во сериозни разговори и АД ЕСМ и ние како Влада со потенцијални големи светски финансиски институции, од типот на Светска Банка, Европска инвестициска банка коишто би требало да направат своевиден синдикат, да обезбедат буџет и на тој начин сето тоа ние да го развиваме, порача Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за лиценцирањето на објектот
-

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
-

Проблеми за автомобилот налето и како да се решат навреме?
-

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци - киријата одзема најголем дел од заработката
-

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта и кога КТ и МР не покажуваат промени
-

Приведен 30-годишник од Кавадарци, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Нејмар по дебито на Мундијалот: Плачев во соблекувалната
