Македонија
26. August 2023 - 16:38

Мицкоски смета дека по средбата на Ескобар му се појасни позициите на ВМРО-ДПМНЕ

Конструктивна и пријателска средба помеѓу стратешки пријатели. Вака лидерот на опозицијата Мицкоски го опиша вчерашниот состанок со американскиот специјален претставник за западен Балкан- Ескобар. Мицкоски вели дека на средбата објаснил зошто ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски дикат, но и дека ја разобличил власта во нејзините лажни обвинувања дека опозицијата е против европските интеграции. 

 „Морам да признам без зачуден дека оваа влада покрај тоа што има нула, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница чии што дел се и САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрефираме за време на состанокот и за време на средбата со Ескобар и амбасадорката Агелер...И ценам дека сега и лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како нив загрижени за актуелната состојба во Македонија, но нашата загриженост ќе си дозволам да кажам е многу поголема, затоа што сепак ние живееме во оваа држава. Го делиме секојдневието, се бориме да го промениме тоа секојдневие и да значајна ни е соработката со сите наши стратешки партнери и соработката со меѓународната заедница. Но, најголем приоритет има квалитетот на нашите сограѓани и состојбата во која нашите сограѓани живеат во Македонија. За тоа да се промени потребни се предвремени парламентарни избори, затоа што оваа влада секако има кредибилитет нула и единствената платформа и политика која ја имаше а тоа беше прифаќање на бугарски диктат и се удри во ѕид, видовте немаат 2/3, немаат 80 пратеници и не постои ниту една друга сврзана точка која што на нив им била да останат ден повеќе таму каде што се“- изјави Мицкоски.

Првиот вицепремиер Груби пак, вели дека прашањето за предвремени избори воопшто не било отворено на средбите со Ескобар, но дека власта е подготвена за нив доколку се изгласаат уставните измени. Главната тема на разговорот со Ескобар, според функцинерот на ДУИ, биле евроинтеграциите и очекувањата на САД да биде заокружен процесот со Уставот. Груби тврди дека власта има контакти со опозицијата за оваа тема. 

,,Не воопшто не се разговараше за превремни избори, се разговараше единствено за успешно завршување на уставните измени, текничките уставни измени и прдолжување на европскиот пат на нашата земја. Се недевам дека ВМРО-ДПМНЕ која што има своја програмска определба да ја зачлени нашата земја во Европската Унија ќе смогне сили, ќе гласа и ќе го тргне ова прашања од дневно политичката агенда и ќе го стави ова прашање во државен интерес зашто тоа е интерес за сите граѓани...Имаме контакти, се видовме вчера на приемот, значи беше и претседателот на партијата и потпретседателот и уште двајца членови, се видовме и се поздравивме, имаше и средби минатата недела со Собранието, се обидуваме да ги убедиме иако јас знам длабоко сум убеден ги познавам дека и оние знаат дека текничката измена на уставот не и прави ништо лошо на нашата заедничка држава напротив и помага'' - кажа Груби. 

Од владејачката СДСМ се уште сметаат дека и по средбата со Ескобар лидерот на опозцијата води аннтиевропска политика.

- Антиевропското делување на Мицкоски и ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата. Обидот за блокада на членството во ЕУ е обид за загрозување на македонската иднина. Блокада на европскиот пат ќе значи 11 загубени години во изолација, загубени 10 милијарди евра од европските фондови и неизвесна иднина. Прескапа цена е тоа за нас како држава но и како народ и тоа не смее да се случи-  Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Заменик помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар вчера и завчера беше во Скопје на средби со државниот врв, но и опозицијата. Тој дојде само една недела по петочната собраниска седница на која почнаа уставните измени, но гласање не се случи.