Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни

ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни на стадионот во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, а потоа ќе започнат разговорите за реконструкцијата на Владата, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. За најавите за парламентарни избори, рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака редовни избори, но ако биде предизвикана ќе оди на избори пред рокот и ќе победи.
- Следната недела после роденденот којшто ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа почнуваме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата - изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Коментирајќи ги тврдењата на опозициската СДСМ дека Владата оди на избори бидејќи ги потрошила државните парите и дека нема да бидат алиби за предвремени избори, премиерот Мицкоски рече дека тоа едното со другото немаат логика. Мицкоски истакна дека нивниот став е да нема предвремени избори, дека добиле мандат од граѓаните четири години и сакаат да одат на редовни парламентарни избори коишто ќе се случат пролетта 2028 година, но доколку се предизвикани мора да се подготвени, како и секоја сериозна политичка опција.
- Нема да се мешам во нивната стратегија. Само знам дека, зборувам политички, кога влегувате во втората половина од мандатот, логично е да сте подготвени за избори без разлика дали се тоа редовни или вонредни, на барање на опозицијата. Еве нашата опозиција не бара, нашата опозиција е сокриена, има три-четворица кои држат прес-конференции полни со невистини и навреди, најчесто кон мене. И сега кога имаат можност да се покажат на терен, да видат еве колку ефект имаат тие нивни невистини и навреди кон мене, тие едноставно бегаат. Тоа нема да биде првпат што го прави СДСМ. Тоа веќе во историјата многу пати го направила СДСМ - рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека тие немаат намера да предизвикаат предвремни избори и дека нивната цел се редовни избори, но ако бидат, како што кажа, предизвикани тогаш ќе одат на избори и ќе победат.
За најавеното повлекување на Али Ахмети од лидерското место во ДУИ, Мицкоски рече дека не би сакал да коментира бидејќи тоа се внатрешни работи на партиите, исто како што не би сакал некој да ги коментира внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
-

Во Струмица откриено спомен обележје за Ѓоко Ѓоргиев и жртвите од пожарот во Кочани
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
